Документарниот филм „Лука“ на режисерот Ице Виранов доби „Специјална награда од жирито“ на 5-от „Jeju Movie Concert Festival“ во Јужна Кореја.
„Лука“ е документарен филм на Здружението за култура „Транзен“, финансиски поддржан од Општина Струмица, во режија на Ице Виранов, а според сценарио на Бинева Џејд. Кинематографер е Столе Ангелов, камера Иво Јанков, авторската музика е на Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров.
Станува збор за филм за млади музичари што бараат начин да ги изразат своите креативни потенцијали. Главни протагонисти во филмот се Ставро Ангелаков, Љубен Маџиров и Џејд Бинева. Филмот се снимаше во текот на 2022 година, на локации во Струмица и во Штип.
„Jeju Movie Concert Festival“ има за цел да биде хибриден филмски фестивал кој комбинира филмови и музички изведби на островот Џеџу, каде можете да уживате во жанрови од различни области, а по прикажувањето на филмот можете да го почувствувате впечатокот од филмот на лице место преку концерти на музичари кои се појавиле во филмот.