Од полицијата информираат дека вчера во 11:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека во близина на манастир „Свети Ѓорги“ во близина на Ново Село, струмичко, настанал пожар во кој била зафатена сува трева. Од преземените мерки било утврдено дека на Г.П.(73) од село Мокрино, кој вршел работи околу пчеларник, му паднала направата за чадење на пчели во која имало жар, по што настанал пожарот. Пожарот бил локализиран, а при негово гаснење Г.П. се здобил со изгореници. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.