понеделник, 3 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Дискусија за авторството и проекција на краткометражни филмови го најавуваат 19-от Астерфест во Струмица

вторник, 23 април, 2024 | 13:41
in Вести, Струмица
Дискусија за авторството и проекција на краткометражни филмови го најавуваат 19-от Астерфест во Струмица

Како дел од настаните кои го најавуваат овогодинешното 19-то издание на филмскиот фестивал Астерфест, синоќа во Europe House во Струмица се одржа настан посветен на краткометражните филмови и авторството.

Настанот го отвори струмичкиот уметник со меѓународно реноме Киро Урдин кој зборуваше за неговиот краткометражен филм „Пишта“. На мини панел дискусијата говореа директорот на овој фестивал Горан Тренчовски и уметникот Васил Михаил. Дискусијата беше проследена со проекција на краткометражните филмови „Пишта“ на Киро Урдин, „Четврток“ на Милчо Манчевски и „Деца“ на Наум Пановски.

Урдин го претстави својот филм посветен на животот на Пишта, легенда на париската населба Монмартр, поранешен француски легионер кој решил да живее како клошар на улиците на главниот град.

„Тој можеше да има големи бенефиции од француската држава како заслужен граѓанин, но го избра патот да биде клошар, да живее слободно во Париз, често под мостови, на улици, на Монмартр, да пие, да спие. Филмот го снимив во многу тешки ситуации. Често лежев меѓу туристите и го снимав, за да не ме фати полиција и да ми ја земе камерата. Во втората фаза јас го дадов филмот на МРТ и 60% од најдобрите кадри дали ми ги украдоа или ги фрлија, тоа не знам, во Македонија сѐ е мистерија. Од полошиот материјал што остана, околу 35%, поголемиот дел од лентите беа измачкани со малтер од кога ми ја правеа куќата. Го зедов тој дел, отидов во Бојана филм во Бугарија, ми го исчистија и со ова што ми остана од Пишта го направив овој филм“, раскажа Урдин.

Говорејќи на темата на настанот, Тренчовски рече дека Астерфест всушност е фестивал на авторите.

„И филмот на Киро Урдин и филмот на Милчо Манчевски „Четврток“ и филмот „Деца“ на Наум Пановски се поврзани со една авторска наративна линија и секој од нив кажува една порака која е мошне важна без разлика на тоа во кое време се создавани. Овие филмови се правени во различно време, но се многу актуелни и универзално порачуваат, даваат една поента која и ден денес е интересна за нас“, рече Тренчовски.

Тренчовски им ги порача на публиката книгите „Short Films: Writing the Screenplay“ (2012) на Патрик Неш и „Documentary Film: A Very Short Introduction“ (2007) на Патрисја Офдерхејде, посветени на краткометражните и документарни филмови.

Уметникот Васил Михаил во своето излагање рече дека кратката филмска форма е специфична како и формите во другите уметности.

„Краткиот филм бара од авторот да се изрази лаконично, есенцијално. Се испоставува дека кратката форма е потешка за реализација затоа што од сето тоа што авторот сака да го каже треба да избере и да го собере во една есенција и да постигне ефект кој можеби би бил посилен отколку истата тема да ја гледаме во еден развлечен долгометражен филм“, рече Михаил.

Низата настани кои го најавуваат овогодинашниот Астерфест започнаа минатата седмица. На Светскиот ден на културното наследство, 18 април, на ТВ ВИС беше прикажана реставрирана верзија на комичниот култен филм „Скитникот“ на Чарли Чаплин од 1915 година. Во саботата, на 20 април, на неформален настан во кафе-барот „Нагоре“ беше претставен најновиот визуелен концепт на претстојното издание на фестивалот кој годинава ќе го носи мотото „Кинореалност ’24“.

Домаќинот Томи Печков рече дека продолжуваат да ја негуваат соработката со Астерфест која трае уште од самото отворање на Europe House во Струмица пред три години. /К.Ѓ./

ShareTweetShare
Previous Post

Во три одделни случаи полициски службеници пронашле марихуана кај четири лица од Бориево, Ново Село и Колешино

Next Post

Во 47-годишен маж од Струмица вчера во Скопје удрило патничко возило управувано од велешанец

Related Posts

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Василево

АМСМ: Во прекин патниот правец Струмица – Радовиш

сабота, 1 ноември, 2025 | 17:28
39-годишен струмичанец украл пари од продажен објект, полицијата го пронајде дома и го привела во Полициска станица
Вести

22-годишно момче физички ја нападнал својата мајка и оштетил покуќнина

сабота, 1 ноември, 2025 | 16:48
„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица
Вести

„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица

петок, 31 октомври, 2025 | 13:43

ТОП ВЕСТИ

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist