Директорот на Центарот за уптравивање со кризи, Стојанче Ангелов денеска беше во посета на Регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица, во целосно реновираните простории каде значително се подобрени условите за функционирање на овој центар.
Вработените го запознаа со нивната досегашна работа и со функционирањето на одделението 112 во Струмица. Истовремено, при средбата со вработените, Ангелов, меѓу другото ги запозна и со можностите за унапредување на работата во поглед на оперативните работи во делот на СОК, а секако и во делот на Секторот Е-112 во ЦУК.