Фирмата „ДИКОР ЦД“ од Струмица денеска започна да ги гради улиците покрај новоизградениот порој „Кушевка Република“, откако пред еден месец потпиша договор со Општина Струмица за реализација на проектот „Изведба на работи – Реконструкција на улица Крушевска Република во општина Струмица“.
Ова фирма го доби тендерот за јавната набавка, и треба во рок од 12 месеци за сума од 18.977.203 денари или за околу 308.000 евра да ги рекоструира комплетно улиците од двете страни на новоизградениот покриен порој на улицата „Крушевска Република“ во градот Струмица.
Денеска започнаа со отстранување на стариот асфалт од почетокот на улицата „Бел камен“ кон „Чурлински мост“ и тампонирање на улицата.