четврток, 23 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Дигитално наследство: 3Д реконструкции на археолошки локалитети во Струмица со цел нивно зачувување и промоција

четврток, 11 мај, 2023 | 20:53
in Вести, Струмица
Дигитално наследство: 3Д реконструкции на археолошки локалитети во Струмица со цел нивно зачувување и промоција

Во мај 2021 година, во времето на КОВИД пандемијата, која го погоди и културниот сектор и кога музеите ширум светот мораа да ги затворат вратите поради рестрикциите за спречување на ширењето на вирусот и да бараат нови начини на работа, започна реализацијата на проектот „Дигитално наследство – нови можности за развој на културниот сектор“ во кој учествуваше и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица.

Овој проект е финансиран од Еразмус+ програмата на Европската унија, а го реализираа невладината организација Вола опен мајнд од Бугарија, водечки партнер на проектот, Завод и музеј – Струмица од Македонија и истражувачка организација од Романија. Две години подоцна, на последниот ден од април годинава, и официјално заврши реализацијата на овој проект. За проектот и воопшто за дигиталното наследство, Радио СтрумицаНет разговараше со Јасмина Пијанманова, кустос-етнолог во Завод и Музеј – Струмица.

Терминот дигитално наследство всушност се однесува на употребата на дигитални медиуми за зачувување и презентирање на културното и природното наследство. Еден дел од дигиталното наследство се 3Д реконструкциите на археолошки локалитети, што и беше дел од активностите на овој проект.

Според Пијанманова, дигиталното наследство е добра форма на презентација, но таа подвлекува дека институциите во Македонија сѐ уште немаат доволно изградени капацитети, финансии, технолошки сè уште не се подготвени, бидејќи овој вид на зачувување на наследството бара меѓусекторска соработка. „Ние сепак сме кустоси и работиме на евидентирање и обработка на музејските предмети“, вели Пијанманова.

„Одамна се зборува за дигитализација на културното наследство и во нашата држава, иако тоа оди побавно бидејќи сѐ уште немаме изградено капацитети за тоа да го реализираме, но се надевам дека во блиска иднина ќе работиме на вакви проекти бидејќи тоа е неминовна појава затоа што сè мора да имаме дигитализирано и објавено на нашите социјални медиуми за да може сѐ што имаме да допре до публиката и таа да се запознае со тоа што го поседуваме“, подвлекува Пијанманова.

Во рамки на проектот беа вклучени ученици и студенти од Македонија, Бугарија и Романија. Од Македонија беа вклучени ученици на СОУ „Јане Сандански“ – Струмица и студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Учениците и студентите посетија археолошки локалитети и музеи во земјите-учеснички во проектот. Во Струмица ги посетија музејот и повеќе локалитети, меѓу кои и Цареви Кули, Бања Банско, „Свети Петнаесет тивериополски маченици“ во Струмица, како и средновековната црква на падините на Цареви Кули. „Сакавме да вклучиме млади луѓе кои се заинтересирани за културното наследство и кои сакаат да студираат или пак имаат афинитет кон културата“, вели Пијанманова.

За потребите на овој проект беа направени 3Д реконструкции на вкупно 9 локалитети од Македонија, Бугарија и Романија. Што се однесува до нашата земја, реконструирани во 3Д модели беа Цареви Кули, „Светите Петнаесет тивериополски маченици“ и термата Бања Банско. Овие реконструкции ќе бидат достапни на веб-сајтот на Завод и Музеј – Струмица.

„Ова е едно ново искуство за нашиот музеј затоа што претежно музејот работи на проекти финансиски поддржани од Министерството за култура, а знаеме дека министерството го дели колачот на повеќе институции, па овие проекти се добредојдени бидејќи имаат и поголеми финансиски средства со кои можеме да реализираме повеќе активности и за кратко време да добиеме еден готов производ“, рече Пијанманова за можностите што ги нудат проектите финансирани од Европската унија за зачувување и промоција на спомениците на културата. К.Ѓ.

ShareTweetShare
Previous Post

СВР Струмица со кривична пријава за двајца струмичани, кај нив пронајдена марихуана и таблети екстази

Next Post

Европската куќа во Струмица организираше презентација на вештини

Related Posts

Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат
Вести

Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат

понеделник, 20 октомври, 2025 | 10:58
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ освои и мнозинство во новиот состав на Советот на општина Струмица со 13 мандати, наспроти 8 за СДСМ, а по еден ЗНАМ и Левица

понеделник, 20 октомври, 2025 | 08:41
Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица
Вести

Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица

недела, 19 октомври, 2025 | 23:40
ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

недела, 19 октомври, 2025 | 23:02
ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите
Вести

ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите

недела, 19 октомври, 2025 | 16:44
Кандидатот за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале
Вести

Кандидатот за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале

недела, 19 октомври, 2025 | 07:59

ТОП ВЕСТИ

Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица
ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Во Македонија денеска се одржуваат Локални избори – во четирите струмички општини право на глас имаат 84.548 граѓани

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат

Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица

ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите

Кандидатот за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist