Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски го именува Дејан Ефтимов за нов началник на Секторот за внатрешни работи во Струмица, а досегашниот Кирил Арапов ќе биде „дополнителен“ началник на овој сектор.
Решението за именувањето на Ефтимов го донел министерот за внатрешни работи согласно неговите ингеренции со кои може да изврши смени на 15 позиции во Министерството за внатрешни работи.