Поради отстранување дефект на водоводна мрежа во моментот без водоснабдување се дел од улицата „Климент Охридски“ во Струмица, односно од куќен број 19, како и објектите на патот за Добрејци до Ракеџиски мост. Екипи на ЈПКД „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 13:00 часот.