Главната водоводна цевка која носи вода од браната „Иловица“ кон Филтер станицата „Иловица“ е санирана, откако во петокот вечерта во еден дел од мрежата се оштетила.
„Дефектот на системот за водоснабдување од браната Иловица е саниран. Само што започна полнењето на резервоарите и производството на водата. Додека да се наполнат базените, да се филтрира водата и да се наполни системот ќе поминат уште 7-8 часа додека водата стигне во сите куќи, во сите населени места“, информираше градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, потенцирајќи дека Општина Босилово и ЈПКД „Огражден“, заедно со АД Водостопанство „Струмичко поле“ беа активно ангажирани за решавање на проблемот кој беше доста сложен и на непристапен терен.