Општина Струмица доби Детски иновативен и инклузивен простор за игра „FREE CAGE“ наменет за деца и млади со посебни потреби.
Во оваа иновативно катче, кое е лоцирано во Втората Урбана заедница вклучена е играта „THREE MEN’S MORRIS“, која има повеќекратно значење, бидејќи друштвените игри ги зближуваат луѓето, помагаат во запознавање на нови луѓе, ја зголемуваат функцијата на мозокот, креативноста и самодовербата, соопштија од Општина Струмица.
Детското иновативно катче од ваков тип е прв во општина Струмица и меѓу првите општини во државата и е донација од Амбасадата на Народна Република Кина.