Жител на селото Костурино, Г.Б.(51) загина во сообраќајката која утрово во 06:40 часот се случила на излезот од селото Костурино, а во која учествувале трактор „ИМТ“ и автомобил „Фиат“ со струмички регистарски ознаки.
„На местото на настанот починал сопатникот на тракторот Г.Б.(51) од село Костурино, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобил Т.Б.(54) од село Костурино, кој бил сопатник во полуприколката. Возилото „Фиат” го напуштило местото на настанот. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно Јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица“, стои во информацијата од СВР Струмица. Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото „Фиат”.