СВР Струмица со детали за вчерашната сообраќајка на патот Струмица – Радовиш во која се повредени три лица.
„На 12.10.2023 година во 09:30 часот на магистрален пат Струмица – Радовиш, на делница помеѓу селата Владевци и Радичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу влекач „Волво“ со полуприколка, со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Н.(60) од Струмица и патничко возило „Хонда“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(46) од село Воиславци, радовишко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од патничкото возило „Хонда“, Д.И.(42) од Воиславци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Струмица“, стои во соопштението на СВР Струмица.