Денеска Струмица празнува, го слави Денот на ослободувањето на градот, 11-ти септември. По тој повод денеска во 10:00 часот, на Спомен костурницата над Струмица ќе се одржи свеченост на која ќе се говори за историографијата на празникот, ќе биде положено свежо цвеќе, со мал митинг на револуционерна поезија кои ќе ја изведат членови на Рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица.
Вечерва во 19:30 часот во фоајето на НУЦК „Антон Панов“, ќе биде отворена Изложба на дела од 60-та Меѓународна Струмичка ликовна колонија.