недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички

среда, 23 октомври, 2024 | 08:45
in Вести, Струмица
Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се роди од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, во Македонија. Го крстија кога имаше три години. Еднаш родителите го одведоа на гората Селентија (Еленица, над Струмица) за да земат благослов од светиот старец Стефан. Тој ги благослови родителите и нивното дете Теофил, и откако ги поучи во долг разговор и ги научи на многу духополезни нешта, ги отпушти во мир, а тие се вратија дома. Од тоа време момчето Теофил, со благословот на тој свет старец напредуваше во усрдното изучување на Божествените книги. Имаше добра и кротка природа. А кога наполни тринаесет години повторно отиде кај преподобниот старец Стефан. Старецот, кога го здогледа светото момче, го запраша: „Зошто дојде, чедо, кај мене?“ Теофил одговори: „Ти ме повика, чесен отецу, и јас ги оставив родителите и дојдов кај тебе“. Преподобниот го праша: „А кога те повикав, чедо, и што ти реков?“ Момчето рече: „Кога одев по нашето поле, ти ми се јави и кога ме погледна, ми рече: Чедо Теофил, ти се оддалечи од Господ Кој вели: земи го крстот свој и врви по Мене!“ (Мат. 16, 24). Овие зборови го трогнаа моето срце и јас одев по тебе сè до портата на оваа твоја ограда, а кога дојдовме до неа ти стана невидлив и јас се најдов пред заклучена порта. И освен тоа, свет отче, твојот сегашен глас и говор се истите како оние што ги чув тогаш; тоа исто така ме уверува дека ме повика токму ти, а не некој друг. Затоа те молам, не одвраќај го лицето свое од мене, твојот слуга кој сака да се спаси“.

Кога го слушаше ова преподобниот се чудеше, зашто знаеше дека никаде не излегувал од својата ќелија. И откако Му заблагодари на Бога за таквиот чудесен призив на целомудреното момче, го прими кај себе. И три години го поучуваше на стравот Божји и го раководеше во подвижништвото и во монашкиот живот. Откако изминаа тие три години, бидејќи момчето добро се научи на монашките подвизи од својот добар учител, старецот Стефан го повика игуменот од лаврата и му го предаде послушното, кротко и смирено момче за да го замонаши. Игуменот го зеде, го одведе во лаврата и го изврши над него светиот потстриг. Откако прими потстриг Теофил стана искусен монах, украсен со сите добродетели, живееше меѓу браќата како ангел, и им беше од полза на сите.

Родителите на Теофил, не знаејќи каде се наоѓа нивното мило чедо, силно тагуваа по него и непрестајно го бараа на сите страни со желба да го пронајдат оној кој од љубов кон Бога се сокри од сите свои познаници и тајно Му служеше на Господа, среде добри подвижници. Но по неколку години родителите најпосле дознаа каде се наоѓа нивниот син, па поитаа во лаврата и со плач го молеа игуменот да им го покаже синот. Игуменот беше долго неумолив да им го покаже Теофил, но трогнат од нивната тага, жал и горки солзи, тој се сожали на нив и го повика Теофил да се види со своите родители. Кога го видоа родителите својот син во монашка облека, тие наместо радост, почнаа уште повеќе да ридаат. И останаа тие во лаврата неколку денови, гледајќи го животот на светите отци и извлекувајќи духовна полза од нивните разговори. Тука тие намислија од свои средства да изградат манастир, во кој би се подвизувал нивниот син Теофил. Поради тоа почнаа усрдно да го молат игуменот да го пушти Теофил во нивниот дом со неколку браќа, ветувајќи дека што е можно побрзо ќе ја остварат својата замисла за манастирот. Но игуменот ги одбиваше, велејќи дека не е добро за млад монах да живее во близина на своите роднини и познаници. Меѓутоа Бог, Кој сѐ уредува за полза на луѓето, посака да ја открие Својата волја во однос на Теофил. Бидејќи откако родителите и понатаму усрдно и неотстапно го молеа игуменот, тој ги свика браќата од обителта, и им го изложи проблемот. Тогаш тие расудија и сметаа дека е добро да постапат вака: со тридневен пост и сеноќно бдение да Го молат Бога, та Он од небесата да им испрати решение на овој проблем. По тридневно постење и молитвено бдеење, ете, во храмот се слушна јасен глас од небесата кој заповеда да го пуштат Теофил да оди со своите родители. Тогаш сфатија дека Самиот Бог го бара тоа, и откако се помолија за Теофил, го пуштија со благослов, и му дадоа како помош неколкумина браќа, заради умножување на славата Божја. Родителите, пак, откако го зедоа синот, со радост го однесоа во својот дом, и наскоро изградија манастир во кој се собраа многу браќа и ги обезбедија со секоја потреба и им дадоа целосен мир на слугите Божји. А Теофил, живеејќи подвижнички во тој манастир, како светлина светеше со добродетелите, и сите, кои ги гледаа неговите добри дела и кои се ползуваа со нив, Го прославуваа Небесниот Отец.

Откако светителот долги години поживеа испоснички, непријателот на човечкиот род подигна гонење на светите икони, а нивните поклоници преку беззакониот цар Лав Исавријанин иконоборец ги подложи на мачење. Овој цар го замрази благолепието на Божјиот дом и ги лиши од украс храмовите Господови: светите икони ги фрлаше во кал, ги газеше со нозе, ги гореше во оган, и мнозина верни ги мачеше и ги убиваше затоа што ги почитуваа иконите. Свети Теофил, пак, му се противеше на силникот и сите благоразумно ги поучуваше молитвено да ги почитуваат светите икони и да му се поклонуваат на лицето живописано на нив. Поради ова, царот нареди светиот Теофил да биде подложен на ѕверски измачувања, но тој, не само што не попушти, туку успеа еден од своите мачители, кнезот Ипатик, да го разубеди и да го врати во православието. Кога на крајот кнезот Ипатик го ослободи блажениот, збогувајќи се со него говореше: „Вистинити се твоите зборови, чесен старче. Ќе се погрижам колку што можам да го убедам царот во тоа. А сега јас те пуштам, слободен си, врати се во својата ќелија“.

На светителот му беше многу жал што не го доврши подвигот на своето мачеништво. Сепак, имајќи рани, тој се радуваше, говорејќи со апостолот: „Се радувам што со своето страдање го дополнувам недостатокот на неволјите Христови во моето тело за телото Негово, кое е Црквата“ (Кол. 1, 24)

Кратко време по ова му беше откриено дека набрзо ќе замине кај Бога. Ги уреди сите манастирски работи, ги поучи браќата, ги благослови, ги целиваше и отиде кај многуљубениот Господ.

ShareTweetShare
Previous Post

Македонија денеска празнува – 131 година од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун

Next Post

Младата струмичанка Ивана Мазнејкова одржа концерт во Истанбул

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица

петок, 30 мај, 2025 | 17:53
Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија
Вести

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија

петок, 30 мај, 2025 | 14:47

ТОП ВЕСТИ

Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица
Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist