петок, 14 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Денеска се навршуваат 74 години од свирепото убиство на петте струмички студенти

среда, 13 август, 2025 | 06:51
in Вести, Струмица
Денеска се навршуваат 74 години од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 74 години од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’мов од комунистичкиот режим на 13 август 1951 година.

Биле убиени со вразни раце, со по еден куршум во главата и еден во срцето. Само Борис Белев бил застрелан со три куршуми… Убиството било планирано, бидејќи на семејствата уште утрото им кажале да ги подготвуваат ковчезите. Студентите биле застрелани во вечерните часови, пред да бидат набрзина погребани.

Студентите, чија цел била слободна и независна Македонија, биле стрелани кај селото Орманли на планината Беласица, дваесеттина километри од Струмица. Образложението на тогашната власт било дека студентите работеле против комунистичкиот режим и илегално се обиделе да ја преминат границата, да побегнат во Грција.

По повод 74-годишнината од убиството на петте струмички студенти денеска во 10:00 часот на Градските гробишта во Струмица, на вечното почивалиште каде се погребани студентите ќе се одржи Панихида, а во 11:00 часот во малиот градски парк пред споменикот поставен во нивна чест ќе се одбележи годишнината од убиството и ќе биде положено свеже цвеќе.

Горан Тренчовски – За славната петорка

Петтемина славни, тукушто вратени на распуст од поголемите градови каде што студираа, одлучија времето да го поминат заедно. Таа августовска вечер се договорија сите заедно да одат на проекција во Кино „Балкан“. Гледаа филм што раскажуваше за вербата, себичноста и измислувањето. Воедно купија билети и за новиот филм со Лиз Тејлор, што требаше да игра наскоро.

Утредента Маки одлучи да ја побара Ката за жена. Во недалечната Подгорија, во сенката под џиновскиот див костен, тие лежеа прегрнати врз постелата од свежи полуисушени лисја. Ката го одвитка подарокот што ѝ го даде Маки. Кутиче со златен прстен, украсен со ситен камен од рубин. Мешавина од восхит и сјаење. Привремено оттргнати од бестијалните стеги на локалната средина, започнаа да си разменуваат нежни изблици на љубов. Обајцата невини и искрени, сладострасно им се препуштија на чувствата. Под разголениот врат на Ката, над левата града, застана една пчелка. Го доближи жилото до нејзината мека кожа. Боцнувањето предизвика краткотраен болен писок.
Маки, Тони, Бистри, Лева и Крап умееја да сакаат и беа сакани. Ја следеа светската мода и беа многу поразлични од другите. Не читаа само странски книги и не слушаа само џез–плочи. Беа заколнати во старата Библија, со пиштол и кама, вкрстено положени врз неа.
Бараа свое место под сонцето и веруваа дека небото ќе биде на сите.
Секогаш свежо избричени и со чисти чевли, набргу станаа трн во окото на црвените варвари. Ни насон не помислуваа дека една ноќ, додека во живо ечеше песната за рубинот, ќе бидат грабнати од игранката во Летната бавча на Офицерскиот дом. И потоа одведени со камион во долината на дивите костени.
Петорката беше стрелана по кратка постапка. Без повод, ниту пак со причина, само затоа што беа родољуби.
Џиџи, крунскиот сведок во предавството, другар од дете со Маки, се ожени за неговата Ката.
–
Кате, сакам да бегаме одовде.
–
И јас. Лоши соништа ме мачат.
–
Ќе бидеме сами двајцата.
–
Да оставиме сѐ зад нас, Џиџи.
–
Преку Големата Бара.
–
Не сакам повеќе да стапнам тука.
–
А што ако нѐ запрат, на граница?
Сепак, Џиџи и Ката не успеаја да отпатуваат никаде и двајцата останаа долго заробени дома, под превезот на гревовите.
Низ годините што се нижеа, клеветниците на петорката стекнуваа лажна слава, за да прокоцкаат на крајот сè, за грст сребреници и шише мастика.
Мистериите довикуваат чудни спомени. Но неправдите со нив остануваат нерешени. Само носталгијата успева да ги крепи душите и да ги залечува раните.
Никогаш повеќе да не се повтори времето кога поради идеја се убиваше, а поради мисла се умираше. Проклета да е историјата, проклета да е наивноста со која и убиваме и умираме во земја во која не се гледаме едни со други, туку гледаме само идеи. Идеи што ненаситно нè јадат и живи нè горат.

© Горан Тренчовски, „Крунски панагон“, Антолог, Скопје, 2022

ShareTweetShare
Previous Post

Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови

Next Post

На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција

Related Posts

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47
„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица

вторник, 11 ноември, 2025 | 14:11
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Вести

На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“

понеделник, 10 ноември, 2025 | 20:46
ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност
Вести

ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност

понеделник, 10 ноември, 2025 | 13:42

ТОП ВЕСТИ

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist