понеделник, 18 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Денеска се навршија 24 години од убиството на македонските бранители Атанас Јанев и Кољо Китанов

понеделник, 23 јуни, 2025 | 12:02
in Вести, Струмица

Пред Споменикот на загинатите бранители Атанас Јанев и Кољо Китанов на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 24-годишнина од загинувањето на младите македонски бранители, Атанас Јанев од Струмица, специјалец во ПЕП, учесник во воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година, кој загина на 23 јуни 2001 година во битката за Арачиново на возраст од 25 години и Кољо Китанов од Сарај, кој беше убиен на 6 јуни 2001 година на неполни 20 години од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре.

Членови на семејствата Јаневи и Китанови, членови на Советот на општина Струмица, претставници на СВР Струмица и други почитувачи положија свежо цвеќе пред Споменикот, а за животот и делата на трагично загинатите бранители зборуваше Танкица Митрева, член на Советот на општина Струмица.

„Некои настани едноставно не се забораваат, без оглед на тоа колку време поминало од нивното случување. Некои рани болат и печат со ист интензитет како што болеле и печеле во времето на нивното настанување. Таков е и случајот со загинувањето на нашите сограѓани и бранители Атанас Јанев и Кољо Китанов, кои трагично ги положија своите млади животи, бранејќи ја својата македонска татковина. Таа голема загуба, тој наш непребол трае цели 24 години, и ќе трае се додека постоиме ние, но и сите наши потомци кои ќе ја учат од нас поновата историја на Македонија“ – кажа Митрева.

Во чест на бранителите Јанев и Китанов, беше изведен и рецитал од рецитаторите при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Атанас Јанев е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакал со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш го имал патриотскиот дух. При секое минување низ градскиот плоштад, застанувал и се поклонувал пред споменикот на Гоце Делчев, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитувал и споменувал ликот и делото на Гоце Делчев. После полнолетството, Атанас имал силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата. Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил во брак со неговата сопруга Зорица, која веќе била бремена и очекувале прво дете. Атанас не доживеа да си го дочека и да го фати во раце своето чедо, кое денес го носи и неговото име, Атанас, има 24 години и присуствуваше на денешниот помен во чест на неговиот татко. Атанас Јанев загинал во битката за Арачиново на денешен ден, 23 јуни 2001 година.

Кољо Китанов е роден на 2 септември 1981 година во струмичкото село Сарај. Кољо во себе носеше комитска крв и беше патриотски настроен. Неговиот прадедо бил соработник на Даме Груев и сведок на неговото убиство кај Петлец, близу Русиново, беровско. Неговиот дедо Јаким Китанов за време на Втората светска војна активно се борел против балистичките чети на Шар Планина, каде што неговиот внук ќе загине во 2001 година на 20-годишна возраст. На 6 јуни 2001 година, Кољо е убиен од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре, заедно со неговиот старешина, водникот Исак Руфати. Беа пречекани во заседа и изрешетани во военото „пик-ап“ возило со кое носеле храна до своите колеги на Шар Планина.

ShareTweetShare
Previous Post

Струмичанец со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија

Next Post

Кривична за двајца струмичани кои откупиле украден бакар и кабел од кавадарчани

Related Posts

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана
Вести

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана

недела, 17 август, 2025 | 22:47
Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства
Вести

Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства

недела, 17 август, 2025 | 22:22
Во Струмица вчера казнети 35 возачи за брзо возење
Босилово

Во сообраќајка на патот Босилово – Радово повредени две лица

недела, 17 август, 2025 | 16:43
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

40-годишна жена пријавила дека снаата физички го малтретирала своето тримесечно бебе

недела, 17 август, 2025 | 15:37
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Босилово

Сообраќајка помеѓу трактор и товарно возило – тешко повреден 77-годишен жител на Секирник

недела, 17 август, 2025 | 14:54
Обилни врнежи на повеќе места низ државата и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м²
Вести

Времето утре променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

недела, 17 август, 2025 | 12:17

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist