Од Општина Струмица информираат дека денеска и утре (вторник и среда, 10 и 11 декември), поради чествувањето на празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот од страна на СВР Струмица, и тоа на улиците „Крушевска Република“, „5-ти Ноември“, дел од улицата „Бетовенова“ и улицата „Славчо Стојменски“.
Се молат сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат дадените насоки.
Дополнително, за оние кои поставуваат „тезги“, дозволена зона за поставување на мобилни продажни пунктови ќе биде потегот долж десната страна на улицата „Крушевска Република“, односно од крстосница на улица „Крушевска Република“ со улица „5-ти Ноември“ (Чурлински мост), до крстосница на улица „Крушевска Република“ со крак на улица „Охридска“.