вторник, 1 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Денеска е 4 мај, ден кога пред 122 години беше убиен Гоце Делчев

недела, 4 мај, 2025 | 07:18
in Вести, Струмица
Денеска е 4 мај, ден кога пред 122 години беше убиен Гоце Делчев

Денеска е 4 мај, ден кога пред 122 години беше убиен Гоце Делчев. Сонцето на Македонија.

Напишано од Иван Котев:

На денешен ден пред 122 година во нерамна, но херојска борба со турскиот аскер беше убиен Гоце Делчев, еден од најголемите македонски револуционери, апостол, идеолог и организатор на македонското национално и револуционерно движење при крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Војвода на војводите, инспектор на четите, учител и човек кој влевал доверба кај собеседниците и ја добивал нивната доверба. Живеел многу кратко време и не можел да даде сѐ што требало да даде за Македонија.

Се родил во Кукуш, Егејска Македонија, во 1872 година, а загинал на денешниот ден 1903 година. Краток век за толку силен и надарен човек. Извесно време бил учител во Штип (Ново Село), работа што била параван за неговата вистинска дејност. Неуморно крстарел низ Македонија будејќи го духот на народот и припремајќи го за борба. Тој имал бриљантен ум. Знаел дека неукиот народ треба да се освести, робот да сфати дека не сака да биде роб и дека не е роб. За соработници ги бирал најспособните и најхрабрите.

Во своите обиколки низ Македонија не ја одминал ни Струмица. Овде доаѓал во повеќе наврати. Фаќањето на Назл’м бег и барањето откуп со цел да се пополни касата и да се купува оружје била причина повеќе Гоце да престојува во нашиот крај.

Заедно со Ѓорче Петров ги пишуваат нацртите на Уставот и Правилникот на ТМОРО. Со четата крстари низ Македонија и создава силна организациона мрежа.

Гоце Делчев бил против дигање на неподготвено востание и во материјален и во духовен поглед. Одлуката на Солунскиот конгрес силно го вознемирила и Гоце со сите сили се стремел да го одложи востанието. Во тоа не успеал, затоа што на пат за Сер, каде сакал да учествува на Серскиот окружен конгрес, бил убиен во селото Баница, Серско, на 4 мај 1903 година.

Смртта на Гоце силно одекнала не само во Македонија, туку и во светот. Нашиот народ долго време го оплакувал својот апостол, својата надеж, своето сонце…

Неговиот живот е најоплакан живот. Неговата смрт е најопеана смрт. Македонскиот народен гениј повеке песни испеал само за Марко Крале.

Една негова мисла и денеска восхитува со својата актуелност: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите. Мисла која се вклопува во вечноста.

Еве една песна што ја имам запишано пред педесет години во која се пее за тоа, дека и гората се радувала кога през неа требало да помине војводата над војводите:

Развивај горо зелена,
направи сенка ладена!
Направи сенка ладена,
извади вода студена,
извади вода студена!
Извади вода студена,
през теп ште мине Делчето,
през теп ште мине Гоцето!
През теп ште мине Делчев војвода,
с неговата верна дружина,
с неговата верна избрана.
Ете го Делчев де иде,
наметнал пушка на рамо,
наметнал пушка на рамо.
Наметнал пушка на рамо,
јостегнал сивото којнче,
јстегнал сивото којнче.
Јостегнал сивото којнче,
право си тегле ф Струмица,
право си тегле ф Струмица.
Право си тегле ф Струмица,
ф Струмичкото Поле широко,
ф Струмичкото Поле широко.

Забелешка: Песната е снимена на 6.10.1970 година во селото Куклиш. Пееше Киро Попов, роден 1909 година. Снимил и дешифрирал Иван Котев.

Македонскиот народ во својата колективна меморија го чува ликот и делото на Гоце Делчев, лик кој како златозрачно сонце ќе го топли и подгрева духот на сегашните и на генерациите кои доаѓаат.

Иван Котев

ShareTweetShare
Previous Post

Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани

Next Post

Во Струмица одбележана годишнината од убиството на Гоце Делчев

Related Posts

Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана

вторник, 1 јули, 2025 | 11:21
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче

понеделник, 30 јуни, 2025 | 13:26
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила
Вести

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

понеделник, 30 јуни, 2025 | 10:18

ТОП ВЕСТИ

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist