Денеска е 20-ти Мај, Ден на пожарникрите во Македонија. По тој повод денеска во 11:00 часот пожарникарите од ТППЕ Струмица ќе одржат симулациска вежба „Евакуација на учениците и вработените после настанат земјотрес и избувнување на пожар, како и пребарување и спасување на повредени” во ООУ „Никола Вапцаров“ во Струмица.
Како што соопштуваат од ТППЕ Струмица, додека се одржува вежбата ќе се користи светлосна и звучна сигнализација на противпожарните возила.