Од Општина Ново Село информираат дека поради големиот проблем настанат со водоводната мрежа во Ново Село, потребно е постапување со рестриктивни мерки во наредните денови.
„Утре, (вторник, 18 јуни) од 07:00 до 15:00 часот, улиците „Првомајска“ (од Детската градинка до крајот на улицата) и „10-ти Септември“ (од берберски салон „Мајкл“ до крајот на селото), ќе бидат без вода. Ги замолуваме граѓаните повторно за разбирање и користење на водата за пристојни потреби“ – стои во соопштението на Општина Ново Село.