Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради подобрување на водоснабдувањето и замена на главна водоводна цевка на улица „Братство и Единство“ (нов кружен тек), денеска (четврок, 28 март) без вода ќе останат улиците:
– Булевар „Маршал Тито“ од пресек со улица „Браќа Миладинови“ до пресек со улица „Васил Сурчев“,
– улица „Младинска“ од пресек со улица „М.Х.Јасмин“ до пресек со булевар „Братсво и Единство“,
– улица „24 Октомври“ од пресек со улица „Жртви на фашизмот“ до пресек со улица „Братство и Единство“.
Овој дел од градот ќе остане без вода од 09:00 часот, па се до завршување на работните активности.