За прв пат во Клубот „Децата на сонцето“ во Струмица денеска беше организирана новогодишна забава во пресрет на Стара Нова година со делење лепчиња со паричка. На забавата на децата со попреченост беа и нивни другарчиња, а на гости им дојде и заменик градоначалничката Елена Магеровска Паликарова со советниците Александар Ненчев и Ице Беличев.
Два часа дружење со игра и песна, освежување со сокчиња и слатки производи, а најсреќна при делењето на лепчиња беше Михаела, во нејзиното лепче се падна паричката. Таа си доби златен крст од спонзорот Златара „Златко“. Подарок си добија и сите деца – новогодишен филџан, а во него чокаладца и бомбони.