После Државното првенство во Струмица и успешните квалификации за Европското првенство во танци, кое од 6-ти до 10 јуни се одржува во Скопје „One Way Dance Studio“ од Струмица се пласираа во четвртфиналето во хип хоп групи и ќе патуваат на Светското првенство во танци 2023, кое во месец октомври ќе се одржи во Полска.
На овој престижен натпревар учествуваа околу 2500 танчери од 25 земји, а во Попинг солисти јуниори како четвртфиналист се најде и Викторија Трајановска од „One Way Dance Studio“, покажувајќи го извонредниот талент со најдобрите танчери од Европа.
Скопје како домаќин на првенството во изминатите пет дена ја славеше уметноста, креативноста и културната разновидност што напредува во рамките на европската танцова заедница. Љубителите на танцот, професионалците од индустријата и гледачите имаа можност да се радуваат и да бидат сведоци на незаборавна екстраваганција на грациозност, прецизност и страст.