Вечерва во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, во рамките на првото коло од Државното одбојкарско првенство девојките на ОК „Наковски Волеј“ со убедлива победа од 3:0 над ОК „Младост УГД“ од Штип ја започнаа новата сезона.
Одлична игра во одбрана и добра реализација во напад „Наковски Волеј“ ги надиграа штипјанките со резултат по сетови 26:24, 25:17, 25:15.