Убедлива победа и пласман во завршниот Ф4 турнир од одбојкарскиот КУП извојуваа синоќа девојките на „Наковски Волеј“.
Доминираа на терен во сите три сета и со резултат од 3:0 во сетови (25:20, 25:18, 25:20), уште еднаш покажаа дека се силен ривал за „УГД Младост“ Штип.
Во завршниот Ф4 турнир кој ќе се одржи од 25 до 26 март, заедно со „Вардар жени“, „Јанта Волеј“ и „Работнички Скопје“ ќе се борат за освојување на КУП титулата.