Девојките на „Наковски Волеј“ обезбедија КУП финале и се на чекор до освојување на титулата.
Вечерва во полуфиналниот натпревар во Радовиш со резултат од 3:1 во сетови (25:16, 25:22, 10:25, 25:11), струмичанките ги надиграа „Вардар Жени“ и си отворија можност за освојување на првиот пехар во клупските витрини.
Финалниот натпревар помеѓу „Наковски Волеј“ и „Работнички Скопје“ е утре од 16:00 часот во Спортската сала „25-ти мај“ во Радовиш.