Општинската организација на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија од Струмица, понеделник, 29 септември од 18:00 до 21:00 часот во простор на улицата „Младинска“ бр. 112, веднаш до ООУ „Никола Вапцаров“, со коктел средба на кандидатите за членови на Советот на општина Струмица и граѓаните официјално ќе ја стартува предизборната кампања за Локалните избори 2025-та.
На промотивната средба граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со кандидатите за советници, предводени од носителот на листата, Александар Илиев, да разговараат со нив и да ги видат промотивните видео реклами со кои ЗНАМ ќе се претставува во наредните 20 дена и ќе ја бара поддршката од струмичани.
Понеделник, 29.09. | од 18:00 до 21:00 часот | „Младинска“ 112 Струмица