понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски формира Општинска организација и во Струмица

недела, 28 јануари, 2024 | 12:17
in Вести, Струмица
Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски формира Општинска организација и во Струмица

Синоќа во Струмица новата партијата на Максим Димитриевски, Движење ЗНАМ – За наша Македонија одржа Конвенција на која беше формирана Општинска организација, а за прв претседател е избран Миле Цеков, дипломиран економист, бизнисмен и актуелен претседател на Регионалната стопанска комора за југоисточниот регион.

„Како менаџер од приватниот сектор одлучив да влезам во борбата за коренити промени заедно со Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со една и единствена цел, жестоко ќе се бориме против корупцијата, жестоко ќе се бориме против криминалот, жестоко ќе се бориме против нееднаквоста во општеството, недостатокот на правда, несредениот систем, катастрофалното образование, катастрофалното здравство, и сега најновото, најмодерното, сакаат да ни наметнат родител 1, 2, 3, 4, 5 и уште не знам колку. Не, ние сме традиционално општество и ќе негуваме традиционални вредности“, кажа Цеков потенцирајќи дека во овие 32 години од независноста на Македонија на политичката сцена се сé едни исти луѓе, со исти програми, едни исти партии, и се запраша, што ќе понудат во своите програми тие луѓе што не ги реализирале своите ветувања.

„Во овие 32 години сведоци сме како едни исти луѓе влегуваат во политиката со празни џебови, а излегуваат со милиони, се создаде еден впечаток дека полотиката е најпрофитабилниот бизнис. Е оваа пракса драги пријатели мора да ја промениме. Но ниту јас, ниту раководството од паријата, но и ниту претседателот Максим можеме сами да ги промениме овие пракси. Затоа Ве повикувам сите неопределени, сите независни, ајде да се обединиме, ајде да се охрабриме, да ги промениме овие практики“, кажа Цеков во своето обраќање пред голем број граѓани од Струмица и струмичкиот регион кои дојдоа да присуствуваат на оваа Конвенција на ЗНАМ.

Свое обраќање пред присутните имаше и претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски информирајќи дека вакви општински организации на ЗНАМ до сега се формирани во 15 градови, а во Струмица ова е 16-та организација на која освен Миле Цеков за прв претседател избрани се и други органи и тела, како што се генерален секретар, Надзорен одбор и 11 членови на Извршен одбор, посекувајќи им успешна работа и поголема активност на претстојните Претседателски и Парламентарни избори.

„Јас една работа знам, дека, ние сме толку колку што сме, а не има многу, и такви какви што сме, а богами добри сме, и знаеме, умееме, можеме, и кога добро ќе се организираме и правилно распоредиме ќе дојдеме до конечната цел. Не само да ја корегираме оваа обнародена власт, туку првенствено да ја вратиме таму кадешто некогаш беше. Можеби е тешко од мој аспект да се говори вака, но верувајте ми многу време низ животот, а верувам и од вас присутните овде во оваа сала, исто така како мене трошиле многу време на улици, на протести, борба против режими, политичари, поединци, којшто се обнародиле на времето и ден денес се обнародуваат од народот, но за жал, секогаш сме ги тргале едните и доаѓале исти такви во друга форма“, кажа Димитриевски, додавајќи дека веруваше, а и до ден денес верува во концептот дека нема правда за сите во Македонија.

„Се боревме под слоганот „Нема правда, нема мир“, и доживеавме да дојде правда само за поединци коишто седнаа во топлите и удобни фотељи. Власта ја имаат во свои раце и верувајте ми аздисаа од власт. Се обнародија од власта, од ден на ден за нив е се поубаво, а народот ни пати. Нам народот во Македонија ни е несреќен, и ние имаме историска можност, но првенствено обврска, особено помладите генерации, да се обединиме и да ги смениме нештата“, додаде претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Од Движењето ЗНАМ најавија дека работат на отворање на што повеќе општински организации низ целата држава до одржувањето на Конгресот, планиран во почетокот на месец март на кој ќе бидат промовирани и нивните носители на кандидатските листи за пратеници за сите шест изборни единици за претстојните Парламентарни избори, како и нивниот кандидат за претседател на државата на следните Претседателски избори закажани за 24 април.

ФОТОГАЛЕРИЈА од Конвенцијата >>>

ShareTweetShare
Previous Post

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со поддршка на првата жена од Македонија која ќе учествува на ЕП во велосипедизам

Next Post

Собранието ја избра преодната Влада што ќе ја предводи Талат Џафери

Related Posts

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist