Синоќа околу 20:30 часот на булeварот „Маршал Тито“ во Струмица, М.С.(20) од село Добрејци, управувајќи мотоцикл со струмички регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник И.Г.(21) од Струмица, констатирани во струмичката болница, информираат од СВР Струмица.