Денеска во Полициската станица Струмица биле приведени Д.К.(35) од Струмица и Ј.М.(37) од село Калугерица, радовишко. Тие во Струмица физички го нападнале С.Д.(41) од Струмица. Лицата биле задржани во Полициската станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.