Вчера доцна попладне околу 18:30 часот на регионалниот пат Струмица – Берово, на делницата помеѓу селата Дабиље и Петралинци, кај крстосницата за Сарај, патничко возило „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(62) од село Двориште, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката К.К.(58) од Двориште, констатирани во болницата во Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.