На 2 јануари во 2021 година нешто после 23 часот избувна голем пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица. Големиот пожар зафати продавници на приземјето и се прошири кон првиот кат. На терен излегоа пожарникарите од Противпожарната единица на Струмица, а потоа беа мобилизирани и останатите од соседните градови.
И по две години од големиот пожар во „Глобал“ причините за неговото избувнување и понатаму остануваат непознати.
Инаку, во пожарот беше опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а се урна и покривот на Трговскиот центар.
 
 
                                 
 
 
		    








 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								