Синоќа околу 20:30 часот на шумски пат над село Смоларе, општина Ново Село, Г.И.(44) од Струмица, управувајќи патничко возило „Мицубиши“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола и се превртел. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.В.(53) од Струмица, констатирани во струмичката болница. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.