Двајца струмичани се недостапни на телефон откако пред два дена заминале во Грција на спортски риболов. Семејството на едниот пријавило дека не може да ги добие на телефон, соопшти полицијата. Нивното „исчезнување“ го пријавила вчера Т.Р.(43) од Струмица.
Таа на полицијата ѝ кажала дека нејзиниот сопруг А.Р.(40), заедно со неговиот сосед С.А.(63) отишле во Грција на спортски риболов и потоа биле недостапни на мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.