Синоќа околу 19:00 часот на крстосницата од улиците „Ѓорги Упчев“ и „Мара Минанова“ во Струмица, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот, информираат од струмичката полиција.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во ЈЗУ „Општата болница“ Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.