Синоќа во 20:35 часот на магистрален пат Радовиш – Струмица, делница помеѓу крстосница за село Василево и Струмица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, струмичко, информираат од СВР Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.