Возилата кои се користат како дрвосечачки машини низ градот Струмица предизвикуваат општа опасност и го загрозуваат животот на сите учесници во сообраќајот, е заклучокот на членовите на Локалниот совет за превенција при општина Струмица и бараат да се достави предлог мерка во Законот за возила со која униформираните полициски службеници и другите инспекциски служби од државно ниво да имаат право на одземање на дрвосечачките машини во моментот кога ќе утврдат дека со нивното присуство предизвикуваат општа опасност и го загрозуваат животот на сите учесници во сообраќајот. Членовите на Советот сугерираа транспортот на овие машини да се врши со влечни или шлеп возила до местата каде што има потреба од нив.