Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ, Марјан Даскаловски во предвечерието пред настапувањето на предизборниот молк, ги повика своите сограѓани, жители на општина Струмица, во недела, на 19-ти, повторно да покажат дека силата е во народот и во заедништвото што се создава сите овие години во општина Струмица.
„Секогаш сум бил меѓу вас, на улиците, во малата, во секој дел од нашата општина. Знам што значи доверба, знам што значи поддршка и стоење еден до друг кога е најважно. Знам дека ја имате мојата доверба, но и дека јас ја имам вашата. А со таков број на поддршка, искрено, не гледам ништо друго освен една убедлива победа“ – кажа Даскаловски упатувајќи благодарност за сè што е направено заедно и за тоа што повторно ќе се пише новата победничка страница на Струмица со заокружување на бројот 5.