понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените

понеделник, 25 септември, 2023 | 13:49
in Вести, Струмица

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски денеска одржа прес конференција по обвинувањата кон него од страна на одредени советници, но и претставници на невладини организации дека тој како претседател не дозволувал да се вршат измени во програми на Општина Струмица во кои се зборува за родовата еднаквост, односно еднакви можности на мажите и жените.

Даскаловски на прес конференцијата потенцираше дека Советот на општина Струмица, ниту било кој Совет во Република Северна Македонија не е ниту законодавна власт, ниту извршна, ниту судска власт и Советите на општините не можат да носат и да менуваат закони, ниту можат да менуваат род, родови во полови или пол во род.

Тој кажа дека советникот Ѓорги Танушев од „Стига е“, како претседател на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, поднесе Предлог програма за 2023 година во кој вели дека треба да имаме родово одговорно образование, спречување на родово-базирано насилство и во име на Комисијата нагласил дека „има потреба од обуки за родово одговорно буџетирање во секоја функционална единица на општинската администрација со цел да имаат соодветен капацитет за формулирање на родово одговорни програми и буџетирање под однос на истите“.

„Ѓорги Танушев сакаше да се направат обуки, а не Марјан Даскаловски. И сега во месец мај, не знам од кои причини тој на седница ми поднесува точка на дневен ред која се коси со Законот и Уставот на Република Северна Македонија. Јас го замолив да ја повлече точката за да направам консултации, и направив консултации и со парламентот и со Министерството за локална самоуправа и тие кажаа дека тоа е противзаконски и не смее таков предлог да се донесе на Совет на општина Струмица“ – кажа Даскаловски, потенцирајќи го предлогот на Ѓорги Танушев во кој барал дефиниција за маж и жена, секаде во Програмата каде што има род да се замени со пол, предлог во наслов глава 2, ако има родово одговорно образование да се замени со полово одговорно образование и секаде во Програмата каде стои „род“ да се смени со „пол“.

Даскаловски кажа дека законски тоа не е дозволено и дека таква програма не може да се усвои. Предложил формирање на работна група составена од тој, како претседател на Советот, двајцата координатори на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, членовите на Комисијата за еднакви можности, двајца претставници од Општина Струмица, Нела Масалкова и Никола Годев и Ленче Христова од Организација на жените – Струмица, а како што кажа Даскаловски на вториот состанок на работната група присуствувала и претседателката на „Родителски Фронт“, Мариета Дукиќ и била многу коректна во однос на расправата, и според Даскаловски донеле заеднички заклучок дека „тој бил во право и советниците биле во право, а така како што Ѓорги Танушев предлагаше измени не може законски во ниту еден случај“, додаде Даскаловски.

„Се договоривме, бидејќи таа е Програма за еднакви можности на мажите и жените, на некои места, таму каде што има род да се замени според Законот за еднакви можности на мажите и жените, бидејќи Програмата така гласи, тоа е законски“ – кажа Даскаловски најавувајќи дека во среда на седницата на Советот на општина Струмица ќе ја стави како дополнителна точка и така ќе ги усвојат измените на таа Програма.

ShareTweetShare
Previous Post

Утре од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисници на излез од Босилово кон Турново

Next Post

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на Марјан Даскаловски

Related Posts

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist