Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ, Марјан Даскаловски по вчерашниот пораз за избор на градоначалник во кој победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков му го честиташе изборот на новиот градоначалник, на партијата ВМРО-ДПМНЕ и им се заблагодари на сите што во изминатите 20 години ја менуваа Струмица, како и до секој граѓанин кој го даде својот глас.
„20 години заедно ја менувавме Струмица чекор по чекор, со срце, визија и труд. Ви благодарам на сите што бевте дел од овој пат, на сите што верувавте, поддржувавте и придонесувавте.
Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат.
Голема благодарност до секој еден граѓанин кој го даде својот глас и ја сподели нашата верба во подобра Струмица. Струмица е поголема од сите нас“ – напиша Даскаловски.