четврток, 27 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Даскаловски: Енергијата што ја чувствуваме вечерва е доказ дека овој град знае што сака и знае кој може да го води напред

четврток, 2 октомври, 2025 | 15:49
in Вести, ИЗБОРИ 2025, Струмица
Даскаловски: Енергијата што ја чувствуваме вечерва е доказ дека овој град знае што сака и знае кој може да го води напред

Марјан Даскаловски

„Вечерва ја гледам оваа сала преполна со луѓе, преполна со енергија и надеж, и знам едно, победата е наша. Знам дека Струмица има сила, има срце и има визија. Енергијата што ја чувствуваме вечерва е доказ дека овој град знае што сака и знае кој може да го води напред“ – кажа во своето обраќање кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и коалицијата, Марјан Даскаловски кој потенцираше пред своите сограѓани дека „заедно го изградивме градот кој денес е симбол на култура, спорт, младост и економски развој, град кој пркосеше на најголемите душмани“.

„Денес, кога ќе кажете „Струмица“, секој помислува на град кој е пример за цела држава. И тоа не дојде случајно. Тоа е резултат на многу работа, визија и упорност. Горд сум што сум дел од таа приказна“ – додаде Даскаловски.

„Не сум човек кој гледа од страна или зборува од далеку. Сум бил со вас, во секоја населба, во секое маало, во секое село. Сум слушал проблеми, сум решавал предизвици, сум носел одлуки и секогаш со еден критериум: што е најдобро за Струмица. Мојата посветеност секогаш била на луѓето. Секогаш верував дека општината се гради со народот, со дела, а не со празни ветувања. Затоа и сите овие години, ги поминав помеѓу народот, со нивните проблеми, со нивните потреби, а кои беа мои предизвици. Така дојде и денот кога предизвикот стана уште поголем. Предизвик кој е чест, но и обврска, пред сите вас и пред сите наши сограѓани. Дојде денот кога, јас, Марјан Даскаловски, се обврзувам да бидам Ваш градоначалник. Градоначалник кој ќе биде со вас, до вас и ќе ги решава сите ваши проблеми. Градоначалник кој целосно ќе се посвети на општината, на граѓаните, на заедничките проблеми“ – кажа кандидатот за градоначалник Марјан Даскаловски.

Даскаловски обраќајки им се на струмичани во преполнетата сала во Центарот за култура во Струмица кажа дека од другата страна ќе слушаат многу празни ветувања, ќе слушаат дека ќе им дадат сè и сешто.

„Спремни со лажни анкети, притисоци врз секој граѓанин, притисок врз бизнис секторот, притисок од оние кои треба да нѐ штитат, тие ќе пробаат да не срушат, но не би биле ние тие кои сме, ако не им се спротиставиме и им ги срушиме мрачните сонови. Па затоа денес сме пред избор: дали ќе ја продолжиме успешната приказна или ќе дозволиме да ја скршат и да ја вратат назад“ – кажа Даскаловски.

д-р Миле Гогов

Пред своите сограѓани се обрати и носителот на кандидатската листа за членови на Советот на општина Струмица, д-р Миле Гогов потенцирајќи дека ќе биде советник кој секогаш ќе биде меѓу луѓето, достапен, чесен и одговорен.

„Ќе бидам вашиот глас во Советот. Ќе бидам човек кој ќе носи одлуки со срце и со разум, секогаш имајќи ги предвид интересите на граѓаните“ – додаде д-р Гогов, повикувајќи ги граѓаните на општина Струмица на 19 октомври да ја покажат силата на Струмица, да потврдат истрајност и непокорност, заокружувајќи го бројот 5 на гласачкото ливче за градоначалник и за членови на Советот од СДСМ.

„Заедно со идниот градоначалник, другарот Марјан Даскаловски, имаме јасна визија за Струмица во следните четири години. Ќе работиме на грижа за најмалите  со зголемување на капацитетите на сите градинки ширум општината, силна социјална поддршка за најранливите категории, затоа што хуманоста е мерило за едно општество, зелена и чиста Струмица, затоа што нашите деца заслужуваат да растат во здраво опкружување, младите  да им дадеме поддршка, можности и верба дека нивниот сон може да се оствари тука, во нивниот град, села што живеат и просперираат, затоа што селата се коренот на нашата општина и тие мора да го имаат истиот квалитет на живот како градот“ – кажа д-р Миле Гогов, носител на листата со кандидати за членови на Советот на општина Струмица.

Громогласни аплаузи за поранешниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев

На синоќешната Конференција, на која беа промовирани кандидатот за градоначалник од СДСМ, Марјан Даскаловски и 23-цата членови на Советот на општина Струмица предводени од д-р Миле Гогов, меѓу струмичани беше и поранешниот градоначалник на Струмица, поранешен премиер на Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев со сопругата Зорица кои му ја даваат целосната поддршка на својот другар Марјан Даскаловски да биде идниот градоначалник на општина Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Има многу документација, но се исплаќа – Милош од Јосифово и Васко од Собри преку ИПАРД до нова земјоделска механизација

Next Post

Петнаесет пожарникари со четири возила учествуваа во гасењето на пожарот во кругот на „Комуналец“

Related Posts

„Black Weekend“ во РАЗНОПРОМЕТ АС – Голем викенд попуст овој петок и сабота
Вести

„Black Weekend“ во РАЗНОПРОМЕТ АС – Голем викенд попуст овој петок и сабота

четврток, 27 ноември, 2025 | 20:39
Општина Струмица спроведе 43 вонредни инспекциски надзори за заштита на животната средина и јавната чистота
Вести

Општина Струмица спроведе 43 вонредни инспекциски надзори за заштита на животната средина и јавната чистота

четврток, 27 ноември, 2025 | 13:56
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Уапсен 48-годишен жител на струмичко село поради напад и обид за насилно нанесување непозната течност во устата

четврток, 27 ноември, 2025 | 11:35
ЦУК: Можен пораст на водостоите – апел за внимателност и во Струмичкиот регион
Вести

ЦУК: Можен пораст на водостоите – апел за внимателност и во Струмичкиот регион

среда, 26 ноември, 2025 | 20:50
„Шихан“ од Струмица со 42 медали и признание за еден од најдобрите клубови на „Ippon Open 2025“ во Лесковац
Вести

„Шихан“ од Струмица со 42 медали и признание за еден од најдобрите клубови на „Ippon Open 2025“ во Лесковац

среда, 26 ноември, 2025 | 16:34
Здравствениот дом во Струмица спроведе дводневна еколошка акција: засадени 70 садници и уредени зелените површини
Вести

Здравствениот дом во Струмица спроведе дводневна еколошка акција: засадени 70 садници и уредени зелените површини

среда, 26 ноември, 2025 | 10:27

ТОП ВЕСТИ

„Шихан“ од Струмица со 42 медали и признание за еден од најдобрите клубови на „Ippon Open 2025“ во Лесковац
Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“
Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist