Вечерва во Црквата „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ во Струмица, владика г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли, од манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, Дадија, во близина на Суфли, Грција, заедно со Викарниот Епископ Јаков Стобиски служеа празнична вечерна богослужба во чест на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица.
Утре на Света Божествена Литургија која ќе се одржи храмот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Леонтиј“ во Водоча ќе чиноначалствува гостинот од Грција, владиката г. Дамаскин во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и Викарниот Епископ Јаков Стобиски.