недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

ГРАЃАНИ – ЗАКУПОДАВАЧИ – ПРИЈАВЕТЕ ГO ДОХОДОТ ОСТВАРЕН ОД ЗАКУП ИЛИ ПОДЗАКУП НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

понеделник, 5 август, 2024 | 11:37
in Вести, ВЕСТИ од Македонија, Струмица
ГРАЃАНИ – ЗАКУПОДАВАЧИ – ПРИЈАВЕТЕ ГO ДОХОДОТ ОСТВАРЕН ОД ЗАКУП ИЛИ ПОДЗАКУП НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните – закуподавачи да го пријавуваат доходот кој го остваруваат по основ на издавање во закуп или подзакуп на станбени  простории, соби, апартмани, простории за одмор и рекреација (викендици), гаражи, непосредно или преку AirBnb, Booking.com, FB, Кајак  и други платформи.

Овој вид на остварен доход од закуп или подзакуп на недвижен имот, подлежи на оданочување со данок на личен доход и истиот треба да се пријави во Управата за јавни приходи преку системот „е-Даночни услуги“.

Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што сте го оствариле.

Висината на нормираните трошоци со кои може да го намалите остварениот доход изнесуваат:

– 10% од износот на доходот (за неопремен простор) и

– 15% од износот на доходот (за опремен простор)

Пријавувањето на доходот од издавање во закуп или подзакуп на недвижен имот на друго физичко лице, се врши до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е даден во закуп или подзакуп со поднесување на Електронска пресметка  (е-ППД)  и докази преку системот е-Даночни услуги e-ujp.ujp.gov.mk

Физичките лица кои издаваат имот имаат обврска доколку не се регистрирани да се регистрираат на системот е – Даночни услуги заради пријавување на доходот и поднесување на електронските пресметки во системот ( е- ППД) до Управата за јавни приходи.

Постапката за регистрација е лесна и едноставна. Единствен услов за регистрирање во системот е даночниот обврзник да има валидна електронска пошта која ќе биде и корисничко име за најава во системот на УЈП и истиот ќе служи за понатамошна комуникација со Управата за јавни приходи.

Даночните обврзници кои сакаат да се регистрираат потребно е на почетната страница на e-ujp.ujp.gov.mk да го одберат копчето Нов корисник – физичко лице.

При Регистрацијата на нов корисник се отвора мени во кое се внесуваат податоците за физичкото лице и понатаму системот го води корисникот чекор по чекор. Откако ќе се пополнат сите податоци кои се задолжителни како и податокот дали корисникот дозволува овластувања од други лица (физички и правни) се прави контрола дали корисникот веќе постои или неговата електронска пошта веќе е регистрирана. Доколку нема таков корисник, на наведената е – пошта по притискање на копчето испрати код, се добива код за верификација. По внесување на кодот, корисникот на електронската адреса добива порака во која се содржи Барањето за регистрација кое треба да биде одобрено и на шалтер во најблиската даночна канцеларија на УЈП. По одобрување на барањето од службено лице на УЈП корисникот веќе има профил на системите на УЈП и слободно може да ги користи електронските услуги на УЈП.   

Даночните обврзници кои имаат потреба од повеќе информации или поддршка може да го контактираат Инфо центарот  на телефонскиот број 0800 33 000 или да се обратат во Регионалните дирекции/Даночните одделенија на Управата за јавни приходи.

На веб страницата на УЈП може да ја најдат и брошурата за ОДАНОЧУВАЊЕ НА ДОХОД ОД ЗАКУП И ПОДЗАКУП и да ги прочитаат  основните правила при пријавување на доходот кој како физичко лице – граѓанин гo остваруваат од издавање во закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.

ShareTweetShare
Previous Post

Стартува 61-то издание на Меѓународната Струмичка ликовна колонија

Next Post

Со проекција на наградените филмови вечерва се затвора 19-то издание на „Астерфест“

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица

петок, 30 мај, 2025 | 17:53
Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија
Вести

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија

петок, 30 мај, 2025 | 14:47

ТОП ВЕСТИ

Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица
Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist