Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“ ги информира граѓаните, корисници на интернет дека и ова година ќе се доделува „Награда од публика“ за маска од главната карневалска вечер што ќе се одржи вечерва (сабота, 25 февруари).
Граѓаните ќе имаат можност преку интернет да го дадат својот глас само за 1 (една) маска од сите категории преку интернет онлајн гласање на линкот: www.strumickikarnevalglasaj.mk или со скенирање на QR кодот.
Гласањето ќе биде достапно на 25 февруари 2023 година во периодот од 18:30 до 23:55 часот.
Карневалските групи со најмногу гласови од публиката ќе добијат диплома, а ќе бидат доделени на 28 февруари (вторник) во 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.