среда, 3 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Босилово

Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти

четврток, 17 јули, 2025 | 17:04
in Босилово, Василево, Вести, Ново Село, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти

Денеска во Владата, градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, Костадин Костадинов, Славе Андонов, Ристо Манчев и Ѓорге Божинов потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти во нивните општини како дел од вториот повик од инструментот за капитални инвестиции.

Општина Струмица ќе добие околу 6,5 милион евра за реализација на повеќе проекти, меѓу кои и доуредување на поројот „Крушевска Република“ во градот Струмица, целосно инфраструктура околу новиот градски пазар кој почна да се гради позади „Разнопромет АС“, станбени и сервисни улици во Струмица…

„Ова не се само проекти – ова се конкретни чекори за ново урбано лице на нашиот град. За повисок квалитет на живот, за поубава, поподготвена, похумана и поевропска Струмица. Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот, кои ја препознаа нашата визија и го валоризираа трудот што го вложивме“ – стои во Фејсбук објавата на градоначалникот Костадин Костадинов.

Во општина Василево ќе се реализираат проектите: Изградба на отворен канал во Дукатино, Изградба на фекална канализација во Радичево, Реконструкција и ревитализација на улица од влез до центар на Пиперево, Реконструкција на улица во Нова Маала кон гробишта и Изградба на последен крак од фекална канализација во Пиперево.

„Упатувам огромна благодарност до Владата и до Премиерот Христијан Мицкоски за големата финансиска поддршка што за првпат на ваков транспарентен начин централната власт им ја дава на единиците на локалната самоуправа. Ова претставува поттик за нас да работиме уште поактивно во интерес на граѓаните на Василево и со нивна взаемна соработка да креираме подобро утре за нашата општина“ – стои во објавата на Фејсбук страницата на градоначалникот Славе Андонов.

Во општината Босилово, според информацијата од градоначалникот Ристо Манчев со овој втор повик од инструментот за капитални инвестиции ќе се реализираат вкупно 18 проекти, меѓу кои се изградба на локален пат Радово – Турново, Канализација во Моноспитово (2 фаза), како и повеќе улици во населените места Босилово, Дрвош, Петралинци, Гечерлија, Сарај, Робово, Еднокуќево, Секирник, Моноспитово…

Во општина Ново Село ќе се реализираат десет проекти, меѓу кои се: Изградба на нов водовод во Самиолово, Изградба на нова спортска сала во Колешино, Поставување на метална платформа на Смоларски водопад, Изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево – фаза 2, Реставрација и конзервација на фрески во Црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино и изградба на улици во Ново Село, Мокрино и во индустриските зони Кошутица, Смолари и Мокриево.

„Од план до реализација. Од хартија до градилишта. Нема чекање, нема изговори. Ова е домаќинско управување со парите на граѓаните. Пари што порано завршуваа во нечии џебови, денес се гледаат во објекти, улици, училишта, водоводи. Од застој и партизација до резултати и реални градилишта. На дело ја покажуваме разликата, од политички спинови до бројки и багери. Македонија не е само Скопје, инвестираме подеднакво во секое село и секој град. Ова не се партиски ветувања, ова се 828 конкретни договори. Не зборуваме само за иднината, туку истата ја градиме секој ден. Нема да дозволиме ниту еден регион да остане запоставен. Нема да има граѓани од прв и втор ред. Секоја општина е важна. Секој човек е важен. Ова што денес го правиме, е градење на темелите на промените. Со секој потпишан договор, со секој започнат проект, ја менуваме иднината на Македонија. Во име на народот, и за народот. Доаѓа времето на Македонија“ – кажа во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на договорите за реализација на проектите со сите градоначалници од општините во Македонија.

ShareTweetShare
Previous Post

Млекара ЈОКА вработува!

Next Post

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица

Related Posts

На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Струмичанец украл мопед од вулканизер, фатен е и приведен во полициска станица

вторник, 2 септември, 2025 | 10:50
Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование
Вести

Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование

понеделник, 1 септември, 2025 | 17:26
Младинските екипи на „Брера“ и „Беласица“ добија спортска опрема од ФФМ
Вести

Младинските екипи на „Брера“ и „Беласица“ добија спортска опрема од ФФМ

понеделник, 1 септември, 2025 | 16:14
КУД „Боро Џони“ и ВИА „Распеани струмичани“ бараат нови членови
Вести

КУД „Боро Џони“ и ВИА „Распеани струмичани“ бараат нови членови

понеделник, 1 септември, 2025 | 15:34
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
Вести

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември

понеделник, 1 септември, 2025 | 09:23
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Струмичанец со 3.47 промили алкохол во крвта управувал патничко возило и предизвикал сообраќајна незгода во центарот на Струмица

недела, 31 август, 2025 | 13:49

ТОП ВЕСТИ

Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование
Младинските екипи на „Брера“ и „Беласица“ добија спортска опрема од ФФМ
Струмичанец со 3.47 промили алкохол во крвта управувал патничко возило и предизвикал сообраќајна незгода во центарот на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist