Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, на денешната седница е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. На седницата присуствуваа десетте градоначалници од југоисточниот регионот, како и директорот и претставници на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Преземајќи ја функцијата, Јанков им се заблагодари на присутните за довербата и порача дека во наредниот период заеднички ќе се насочат кон реализирање на регионални проекти кои ќе обезбедат подобар и поквалитетен живот и во руралните и во урбаните средини на регионот.





























