Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, Христовото воскресение го дочека во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица.
На Велигденската воскресна литургија со која служеше Викарниот Епископ г. Јаков со свештениците од Струмичката Епархија, покрај верниот народ градоначалникот Костадинов беше во друштво на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, пратеничката Љубица Спасова и членови на Советот на општина Струмица.
Сите заедно си го честитаа големиот христијански празник Велигден и си посакаа многу здравје, среќа и подобар живот за сите.