Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев денеска ги посети мајката Ѓоргина Стојчева од Моноспитово, општина Босилово и нејзините близнаци Јован и Јане со кои се породи на 2 јануари на Одделението за Гинекологија и Акушерство во ЈЗУ „Општа болница“ Струмица и се првите жители родени во Новата 2025 година.
Тој на мајката и на бебињата им донесе подароци со кои им посака живи, здрави и весели да бидат, децата да имат безгрижно детство, хармонија и љубов во семејството.