СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Ч.(47) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот, пред неколку месеци довел во заблуда лице од струмичко село на начин што му ја зел платежната картичка со изговор дека со неа ќе поднесе и ќе му помогне да добие социјална помош. Потоа, во повеќе наврати во периодот од 06.02.2023 до 15.03.2023 година ја користел картичката и го оштетил лицето во вкупен износ од 30.250 денари.