Од вчера попладне гори планината Беласица во реонот над селото Смолари, општина Ново Село. Според очевидци на три различни локации горело и огнот брзо се проширил зафаќајки поголема површина со високостеблеста шума.
Тимови од Противпожарната единица на Струмица и на ЈП „Национални шуми“ се вклучија во гасењето на пожарот кој бил на тешко достапен терен. Цела ноќ тимовите го контролирале пожарот, истиот е локализиран, а во текот на денешниот ден ќе се направат напори за негово целосно ликвидирање.
ФОТО: Кире Пиличев